Основни витални параметри кај кучиња – водич за секој сопственик!
Одговорното сопствеништво секако е и грижата за здравјето на вашето куче а тоа подразбира познавање на неговите основни витални параметри како телесната температура, пулсот и дишење кои ни даваат јасна слика дали нашеиот миленикот е во добра состојба или има потреба од ветеринарна помош. Ова е мини прирачник кој го изготви Петс.мк а со кој вие, сопствениците, ќе можете доколку нешто се случува навреме да ги препознаете потенцијалните проблеми и да реагирате пред состојбата да се влоши, односно да го однесете вашиот миленик на ветеринар.

Телесна температура
Телесната температура е еден од најважните показатели за општата здравствена состојба на кучето. Таа покажува дали организмот функционира нормално или се бори со инфекција, воспаление или други потенцијално опаснсни заболувања.
Нормална: 38 – 39,2 °Ц
Покачена температура: над 39,5 °Ц
Хипотермија: под 37,5 °Ц
Полова зрелост
Половата зрелост е период кога кучето достигнува репродуктивна способност, односно може да се размножува. Овој период варира зависно од расата, големината и индивидуалниот развој.
Мажјаци: 7–10 месеци
Женки: 6–12 месеци

Пулс
Срцевата фреквенција или пулсот е бројот на отчукувања во една минута и варира во зависност од големината и возраста на кучето. Ова се параметрите кои според ветеринарите се во нормалната граница.
Мали раси: 100 – 160 удари/минута
Средни раси: 80 – 120 удари/минута
Големи раси: 60 – 100 удари/минута
Мали кутриња: до 180 удари/минута
Дишење (респираторна фреквенција)
Респираторната фреквенција означува колку пати кучето вдишува во минута. Секако, таа се зголемува при физичка активност однонсо трчање и играње како и кога температурите на воздухот се високи, па затоа кога го проверувате овој параметар кучето треба да биде во мирување.
Нормално: 10 – 30 вдишувања во минута
Забрзано дишење во мирување е аларм (освен по игра или на топло време)

Боја на слузокожа (непца)
Слузокожата (непцата) е важен индикатор за циркулацијата и нивото на кислород во крвта. Доволено е да ги погледнете а нивната боја ќе ви покаже дали е се во ред или вашиот миленик има здравствени проблеми.
Нормална: светло розова
Бледа / бела: анемија или шок
Сина: недостиг на кислород
Жолтеникава: можни проблеми со црн дроб
Забелешка: Кај некои кучиња темната пигментација на непцата е нормална појава.
Траење на бременост
Бременоста кај кучињата е периодот од оплодување до раѓање на кутрињата. Доколку знете колкав временски период треба да помине, тогаш ќе можете многу полесно и подобро да се подготвите за породувањето на вашиот миленик.
бременост: 58 – 65 дена

Вашето куче не може да ви каже кога нешто не е во ред – но неговото тело секогаш дава знаци. Затоа, обрнете внимание на овие параметри и не ги игнорирајте промените. Малку внимание денес може да значи многу повеќе здрави и среќни години заедно.
Текстот е одобрен рецензиран од д-р Војислав Димитровски, ветеринарна станица „Вет Свет“