Skip to main content

Умре мачката Љубица која 18 години беше симбол на белградски „Пионир“

06.02.2026
Петс.мк
Умре мачката Љубица која 18 години беше симбол на белградски „Пионир“
Извор: Профил на X, @ljubicathecat

Легендарната мачка Љубица, симбол на спортската сала „Пионир“ и вистинска легенда на Црвена Звезда, почина по 18 години. Мачката за која пишуваа голем број домашни и светски медиуми и имаше свое специјално седиште на кошаркарските натпревари, целиот свој живот го помина во „Пионир“.

„Со голема тага ја информираме јавноста дека мачката Љубица почина во нејзиниот Пионир, каде што учествуваше во бројни настани и натпревари 18 години и доби големи симпатии од домашната и странската јавност“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.

Според клубот, Љубица имала здравствени проблеми во последно време и била носена на ветеринарни прегледи, но сепак староста си го направила своето.

Низ годините, Љубица беше составен дел од тренинзите и натпреварите на црвено-белите, никогаш не пропуштајќи ниту една можност да биде со својот тим. Таа пристигнала во „Пионир“ како маче, каде што ѝ била обезбедена храна и грижа, а нејзиното препознатливо „намрштено“ лице станало омилена глетка меѓу навивачите.

„Кога има тренинг, таа е постојано тука, на своето седиште. Гледа и не дозволува ништо да ѝ го одземе вниманието“, изјави во една прилика Игор Вујичин, портпарол на Црвена Звезда.

Љубица имаше и свој профил на социјалната мрежа X, што ја водеше еден од навивачите на тимот.

„На тој начин ќе остане сведоштвото за мачката која имаше исклучително чудна приказна и врска со кошарката – една стара белградска спортска сала и Црвена Звезда“, изјави Вујичин пред неколку години. 

Слични вести

Сподели ги твоите вести

Имаш интересна приказна за твојот миленик? Сподели ја со нашата заедница!

Испрати вест