Skip to main content

Волци избегале од ЗОО Скопје, изеле четири кенгури и ему птици

25.06.2026
Петс.мк
Волци избегале од ЗОО Скопје, изеле четири кенгури и ему птици

Бели волци во саботата избегале од нивното живеалиште и усмртиле четири кенгури од Зоолошката градина во Скопје и неколку ему птици, дознава Петс.мк. 

ЗОО Скопје оваа информација не ја објави во јавноста, иако станува збор за информација од јавен интерес. 

Според нашите извори, белите волци наводно успеале да ископаат дупка под нивното живеалиште и да избегаат, по што нападнале и усмртиле неколку кенгури и ему птици. На вработените во Зоолошката градина им требале неколку часа да ги фатат волците и да ги вратат во живеалиштето. 

В.д. директорката на ЗОО Скопје Катерина Костова не одговори нашите повици, за да образложи како се случило белите волци да избегаат од нивното живеалиште и од кои причини тоа не било соодветно обезбедено, за да не дојде до ваков инцидент и до угинати животни и птици. 

Сподели ги твоите вести

Имаш интересна приказна за твојот миленик? Сподели ја со нашата заедница!

Испрати вест