Дете тепа куче, неодговорниот родител снима
Уште едно видео со вознемирувачка содржина се појави на социјалната мрежа „Инстаграм“ а актери се малечко дете кое малтретира куче, домашен миленик, а неодговорниот родител – „гордиот“ татко го снима.
На снимката јасно се гледа како детето, кое според информациите на ПЕТС. МК има четири години, со едната рака го држи кучето за уво а со другата го удира по главата. Кучето е преплашено и природно реагира, ’ржи се обидува да се оттргне, да се одбрани и во еден момент ќе го гризне. Детето ќе се расплаче а неодговорниот родител продолжува да снима.
Видеото потоа ќе го постави на социјалната мрежа „Инстаграм“ на неговиот профил @mirce.seker.
Ова предизвика жестоки реакции кај граѓаните кои го осудија чинот и побараа одговорност за родителот.
„Од мал, го упропастуваат! Греота е, за детето и кутренцето! Страшно вознемирувачки, ова е за многу голема казна!!!“ „Не е криво детето, родителите треба да се казнат“ „Родителите под итно да се казнат и да им се одземе кучето“
Ова се само мал дел од коментарите на граѓаните.