Skip to main content

Шарпланинец ќе му го „чува грбот“ на претседателот на УЕФА

16.04.2026
Петс.мк
Шарпланинец ќе му го „чува грбот“ на претседателот на УЕФА
Фото: Print screen FFM/FB

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој денес беше во официјална посета на Македонија го доби најубавиот поклон што може да се замисли, чистокрвен македонски шарпланинец.

Чеферин не ја криеше радоста, кога разгледувајќи ги терените од балконот на „Куќата на фудбалот“, се појави машкото кутре подарок од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Веднаш го погали по главата а потоа продолжи да го гали додека малиот шарпланинец го гледаше и го запознаваше својот иден сопственик.

Фото: Print screen FFM/FB

Од ФФМ велат дека кутрето засега нема име, тоа ќе биде одлука на Чеферин. Шарпланинецот останува во Скопје уште две недели за да се завршат сите медицински процедури и вакцинација и потоа ќе биде испратен во Словенија каде што Чеферин нестрпливо го очекува.