Skip to main content

Укината првата затворска казна за малтретирање на животно – убиецот на Феликс ќе плаќа глоба

26.05.2026
Петс.мк
Укината првата затворска казна за малтретирање на животно – убиецот на Феликс ќе плаќа глоба
Фото: FB/ ЈП Лајка

Првата затворска казна изречена за кривичното дело убиство или малтретирање на животни која му беше изречена на Љубе Крстевски за убиството на кучето Феликс, падна на Апелација. Наместо три месеци затвор Крстевски сега ќе треба да плати парична казна односно глоба, потврдија од судот за Петс.мк.

Според одлуката на Апелација, а по жалбата на осудениот Крстевски, судот одлучил да ја преиначи и да го казни со по 90 глоби од по 20 евра или вкупно 1.800 евра.

Фото: FB/Заедно за хумано утре

Првата пресуда која му беше изречена на Крстевски, во јули минатата година, беше три месеци затворска казна додека соучесникот Бранко Билбиловски требаше да плати илјада евра казна.

Аргументите на Крстевски и неговиот тим биле дека Феликс бил агресивен и дека го напаѓал него, вработените и муштериите како и дека само со обдукција може да се докаже дека кучетоп починало како последица на бруталното претепување но  Апелацискиот суд ги отфрли.

На снимките се гледа бруталното претепување на Флекис а потоа Крстевски заедно со Билбиловски му ги врзуваат екстремитетите со жица и го фрлаат во контејнер оставајќи го да умре во најтешки агонии.

Фото: FB/Anima mundi

Во полусвесна состојба Феликс е однесен на ветеринар кој во последен момент ќе интервенира и потоа е згрижен во ЈП „Лајка“. Повреди на главата, контузии со оток, исеченици на кожата од остар предмет, тешко дишење и крвавење, хематом на левото око, потрес на мозокот, оток на мозокот, хематоми на грбот и градниот кош се само дел од повредите кои Крстевски му ги нанел на Феликс.