Полските пратеници изгласаа забрана за врзување кучиња
Кучиња врзани на ланец во трошни куќички или мали метални кафези станува минато и во Полска откако полските пратеници, во долниот дом на Парламентот, со огромно мнозинство го усвоија Амандманот на законот за заштита на животните изработен од владејачката Граѓанска коалиција (КО). Со 280 гласови за, 105 против и 30 воздржани законските измени се го поминаа законодавниот филтер и ќе стапат на сила 12 месеци по објавувањето.
Законските измени предвидуваат забрана на чување кучиња врзани на трајна основа, дозволувајќи исклучоци само во специфични случаи како што се прошетки, дресура, транспорт, ветеринарен третман или при спречување на опасност за луѓе, животни или имот. Краткорочното врзување, на пример надвор од продавниците, исто така ќе остане можно, под услов да не штети на благосостојбата на животното.
Во Полска, правилата кои се на сила дозволуваат животните да се држат врзани до 12 часа на ден, под услов поводникот да е долг најмалку три метри и да не предизвикува страдање. Сепак, пратениците заклучија дека ограничувањата често се кршат и тешко се спроведуваат и затоа мора да се сменат и прецизираат.
Со предлог-законот се утврдуваат и минималните димензии на куќичките кои пак зависност од големината и тежината на кучето. Па така за куче под 20 килограми се предвидува простор од најмалку 10 квадратни метри, 15 квадратни метри за оние помеѓу 20 и 30 килограми и 20 квадратни метри за поголеми кучиња. Куќичките за кучиња мора да бидат делумно покриени и да имаат зацврстен под.
Премиерот Доналд Туск го поздрави потегот, објавувајќи на социјалните мрежи: „Законот за синџири завршува. Конечно!“
Koniec ustawy łańcuchowej. Wreszcie! pic.twitter.com/SPwAdqViFN
— Donald Tusk (@donaldtusk) September 26, 2025
Организациите за права на животните, иако ја поздравија забраната за врзување со синџири, изразија загриженост во врска со одредбите за куќичките за кучиња и го повикаа горниот дом, Сенатот, да ги прошири минималните големини на куќичките за кучиња и да бара отворени огради. Активистите остануваат на своите барања дека е потребно задолжителна стерилизација, задолжително микрочипирање на мачки и кучиња и построг надзор врз засолништата и одгледувачите.