Skip to main content

Молба од ЈП Лајка: Граѓаните да донираат ќебиња за кучињата во стационарот

04.12.2025
Петс.мк
Молба од ЈП Лајка: Граѓаните да донираат ќебиња за кучињата во стационарот
Фото: ЈП Лајка

Доаѓаат минусни температури, а за бездомните кучиња сместени во ЈП Лајка нема доволно ќебиња за да се згреат во боксовите каде што се сместени.

Од јавното претпријатие упатија апел до граѓаните да донираат ќебиња, јамболии или черги за претстојниот зимски период.

„Со пониските температури и полни боксови, на кучињата во ЈП Лајка итно им се потребни ќебиња за да останат топли и безбедни во текот на студените денови. Секое ќебе значи удобност, топлина и чувство дека некој мисли на нив. Ве молиме, доколку имате можност, донирајте, ново или старо, навистина не менува, само да е чисто и цело“, објави ЈП Лајка на социјалните мрежи.

За секоја донација може да се контактираат надлежните во ЈП Лајка на info@lajka.com.mk, a ќебињата можат да се остават и во Diamond Mall или East Gate Mall, каде што се поставени куќарки за донации. Граѓаните од внатрешноста, донациите можат да ги пратат преку брза пошта, на Ул.840 бр.2 во населба Маџари, Скопје.