Колку години има твојата мачка во човечки години? Откријте преку оваа формула
Ве интересира колку години има вашата мачка во човечки години? Нашата брза и лесна формила за возраст на мачките ќе ви покаже колку години има вашето маче, доколку би броеле во човечки години.
Можеби сте слушнале дека една година од возраста на мачката е еднаква на седум човечки години (истото како што се тврди и за кучињата). Според ова, тригодишна мачка би имала 21 година во човечки години. Но, ова тврдење е старо и не е вистинито.
Научниците и експертите за однесување на животните всушност имаат многу попрецизен начин за пресметување на возраста на мачката во човечки години.
Ажурираното пресметување е прилично едноставно и е изградено околу животните фази, а не годините. Тоа изгледа вака:
- Првата година од животот на мачката е еднаква на приближно 15 човечки години.
- Втората година се дополнителни девет години.
- Секоја наредна година – околу четири човечки години.
Ова значи дека ако вашата мачка штотуку го прославила својот втор роденден, таа има околу 24 човечки години. Мачката која штотуку го прославила својот седми роденден има околу 44 човечки години.
Просечниот животен век на мачката е околу 15 години (мачките што живеат во затворен простор живеат подолго за разлика од мачките што живеат на отворено), но некои живеат многу подолго. Не е невообичаено да се сретнат мачки кои се веќе во своите 20-ти, па дури и 30-ти години.
Им посакуваме долг животен век на вашите миленичиња!